ff1ac0deba10b2317432d024c69c8819_original

Многумина од нас веројатно редовно го користат блицот на паметниот телефон за работи кои не се поврзани со фотографирање, односно за осветлување ноќе или пак дополнително светло кога работиме, како на пример во куќиштето на нашиот компјутер.

Flens е нова Kickstarter кампања, која ветува дека со една мала леќа, може да го засили блицот на паметниот телефон, со цел тој да биде уште покорисен. Леќата функционира на тој начин што подобро ја насочува светлината, односно таа не е веќе распрскана. Во превод, со Flens блицот на вашиот паметен телефон ќе функционира повеќе како батериска светилка, наместо како блиц за сликање.

Исто така, насочениот зрак е многу помоќен од распрсканиот, а може да осветли и многу подалеку, за оние што сакаат да го користат на отворен простор. Сепак, доколку го користите при фотографирање, напомена дека Flens веројатно нема да може да ја осветли цела сцена, односно ќе има голем контраст меѓу средниот дел, кој ќе биде многу осветлен и останатиот дел на фотографијата, кој ќе биде во сенка. Освен ако не фотографирате субјекти кои се поставени подалеку – тогаш Flens е идеално решение.

67cb57b068dda3c2bd9cd7687147e4e2_original

Flens ќе биде достапен за iPhone, но зависно од тоа како е изведен блицот, според дизајнерите, ќе биде достапен и за Android и Windows паметните телефони. Малата леќа инаку се прикачува магнетно на блицот и реално не е многу голема за да го ограничи користењето на телефонот, но малите димензии значат и дека може многу лесно да се загуби доколку се чува одделно од него, иако има можност да се прикачи како привезок на вашите клучеви.

На Kickstarter, Flens има поставено цел за собирање 20.000 евра, а досега има собрано 4.200 евра. Сите што ќе ја поддржат Kickstarter кампањата сега, ќе добијат попуст од 21 евро на финалната цена од 50 евра кога и ако производот биде достапен на пазарот.

Извор: The Verge, Kickstarter, Ubergizmo

Претходна статијаWi-Fi Sense веќе нема да биде дел од Windows 10
Следна статијаSunrise календар апликацијата престанува со работа на 31-ви август