Snapchat е еден од ретките сервиси за разговори кој остана достапен само преку својата мобилна апликација. Со оглед на тоа што овој сервис е најмногу користен и популарен кај помладите корисници, ова воопшто и не е чудно.

Сепак, како што истакнуваат од Snapchat, корисниците почнуваат да студираат и да работат, па тие почесто се во ситуација кога користат компјутер, па сервисот ќе ги следи станувајќи им достапен и надвор од нивните мобилни уреди.

За почеток веб пристапот до Snapchat е во тест фаза, односно е достапен во ограничен број на земји, во некои само за корисниците кои плаќаат претплата, а во други за сите. Во целиот свет од компанијата најавуваат дека ќе стане достапен наскоро.

Преку web.snapchat.com корисниците можат да ги отворат сите нивни разговори, да прават аудио и видео повици, да ги користат стандардните реакции и слично, а за понатаму од компанијата ги најавуваат и познатите Lenses ефекти.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Snapchat
Претходна статијаБарони (Barons) – јавнете на бранот на новата сурферска серија на Pickbox NOW
Следна статијаПрвиот дигитален асистент во јавниот сектор – запознајте ја Ана од ЈП Водовод и канализација – Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.