skype-new-tablet-set

Skype излезе со нова редизајнирана апликација која што го унифицира искуството низ сите платформи уште пред некој месец. Меѓутоа новиот дизајн беше достапен само за мобилните телефони, а остана најавата дека и таблет верзијата ќе добие редизајн. Со најновата верзија Skype го остваруваат ветеното, па сега и корисниците на таблет компјутери може да го користат новиот дизајн, кој што е ист како на Windows 8.

 

Со стартување на апликацијата ќе забележите дека главниот екран е целосно нов. Веќе нема потреба да кликате на категорија која што сакате да ја видите, како на пример, пријатели, последни разговори и слично. Сега сите тие информации се наоѓаат директно на главниот екран, па користењето е доста побрзо и полесно.

Покрај новиот дизајн за таблет компјутерите, новата верзија донесува и подобрен квалитет на видео повиците. Во услови на добра конекција, треба да забележите и до 4 пати подобра резолуција на видеото, со подобрена чистота и квалитет.

Други новини со оваа верзија вклучуваат:

  • Подобрување на функциите за пристапност (Accessibility)
  • Надградба која ги средува проблемите со дојдовни повици, вклучувајќи го и проблемот што предизвикува рестартирање на телефонот
  • Додатни промени во насочување на звукот
  • Подобрување на корисничкото искуство при промена ориентацијата на уредот

Новата верзија веќе можете да ја симнете преку продавницата за апликации (Play Store).

Претходна статијаMicrosoft исплати $100.000 за пронајден пропуст во Windows 8.1
Следна статијаiPhone 5s и iPhone 5c достапни во нови земји од 25-ти Октомври и 1-ви Ноември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.