Поради тоа што видео повиците никогаш не биле повеќе популарни и повеќе важни како сега со корона кризата, сервисите многу почесто воведуваат нови или ги надградуваат стари функции.

Skype веќе имаше можност за поставување на посебна позадина, која се прикажува зад корисникот, нешто што стана популарно со наглото популаризирање на Zoom сервисот. Сега корисниците на Skype, исто како тие на Microsoft Teams, ќе можат да изберат од спремни позадини од самата апликација, па не мора да бараат нивни слики.

Ова е одлична можност посебно во ситуации кога се прави бизнис конференција, а локацијата од каде се вклучува корисникот не е баш погодна за прикажување во повикот.

Изборот на позадини се прави со притискање на трите точки кои водат до менито, за време на повик, каде што е достапен изборот на позадините, можноста за поставување на свои, како и заматување на позадината.

Skype од најновата, односно 8.62 верзија, донесува и повеќе корисници прикажани за време на конференција. Бројката досега беше ограничена на 9, а сега корисниците ќе може да гледаат до 12 корисници.

Оваа бројка е помала од тоа што го нудат Microsoft Teams и Zoom, но сепак Skype веќе се смета сервис кој постепено ќе биде заменет со Teams, иако сега за сега продолжува да го добива вниманието од Microsoft.  

Покрај овие новини, Skype на мобилните исто така добива зголемување на бројот на корисници кои во исто време можат да бидат прикажани за време на видео разговор, па сега таа бројка ќе биде 6, додека на таблет компјутерите се зголемува на 9.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаЛондон, сега во Скопје – Почувствувај го духот на лондонското образование
Следна статијаFacebook Messenger доби можност за споделување на екранот за време на видео разговори на мобилните апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.