iphone-ios-7

Преку нивниот портал наменет за програмерите, Apple соопштија дека сите нови апликации или надградби поднесени во продавницата за апликации (App Store) од 1-ви Февруари ќе мора да бидат оптимизирани за iOS 7. Тоа значи дека сите апликации ќе треба да бидат направени во новиот Xcode 5 и оптимизирани според новите дизајн стандарди на iOS 7.

Според статистиките направени од Apple 76% од корисниците на iOS веќе ја користат најновата верзија од оперативниот систем, iOS 7, па кога ќе се земе и во предвид начинот на работа на компанијата, ова барање на е чудно.

Иако одредени промени на корисничкиот интерфејс ќе мора да бидат направени, сепак поголемиот дел од барањето за оптимизација на апликациите се однесува на функционалноста и програмирањето на истите.

Претходна статијаНа повидок нова серија мобилни графички од Nvidia
Следна статијаСликање со Google Glass преку намигнување со окото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.