Samsung_GALAXY_Apps01_modi(22)

Samsung Apps е продавница за апликации достапна за корисниците на Android уредите од компанијата, како и на некои други постари платформи. На повеќето од вас најверојатно малку ви е позната оваа продавница, па при прилагодувањето на вашиот телефон не ја ни вклучувате. Повеќето корисници сепак се одлучуваат да ја користат Play продавницата од Google, а ние се прашуваме зошто некој не би го направил тоа. Користењето на алтернативна продавница за апликации е логично во случајот на уредите од Amazon, каде што не е достапна Play продавницата.

Каков и да е случајот со користењето на нивната продавница, сепак од Samsung сметаат дека нејзиното постоење треба да продолжи, а најавија и ново име со ново лого за истата. Почнувајќи од 1-ви Јули продавницата за апликации од компанијата ќе се вика Samsung Galaxy Apps. Новото лого покрај фонтот кој што е карактеристичен за Galaxy серијата, вклучува и изглед како хартиена кеса, нешто што е стандардно користено за ваквите логоа.

Продавницата ќе продолжи стандардно да работи и сите купени апликации преку неа ќе останат и ќе можете да продолжите најнормално да ги користите. Една од ретките предности на користењето на продавницата се понудите на одредени апликации бесплатно или со намалена цена. Исто така сите апликации кои што се достапни во продавницата за проверени за малициозен софтвер, како и пермисиите кои што им се потребни за работа.

Извор: Samsung, Android Community

Претходна статијаYouTube со промени во системите за пораки и коментари
Следна статијаAndroid L, наредната верзија од оперативниот систем претставена на Google I/O
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.