Пред појавата на стриминг сервисите за музика, кои во голема мера зависеа и од брзината на интернет пристапот, музика во главно се слушаше преку симнување на познатите MP3-ки, а најпознатиот „плеер“ на овие датотеки беше Winamp.

Оваа апликација, разбирливо, веќе одамна не е ни приближно популарна како што беше при крајот на деведесеттите, па и престана да функционира, најавувајќи враќање со нова и модерна верзија.

Од компанијата најавија дека имаат основано фондација преку која сакаат да ги помогнат музиката и музичарите во светот, а финансирањето на оваа добротворна активност ќе ја направат на доста интересен начин.

Оригиналниот изглед на Winamp или поточно кажано „скин“, ќе се продаде како NFT. Заедно со едната копија од овој скин, планирано е да се продадат уште 20 дизајни кои ќе бидат направени на основа на оригиналот, а за тоа од компанијата имаат отворено конкурс за уметници и дизајнери кои може да ги праќаат своите дела.

Избраните ќе добијат дел од заработката, односно 20% од истата, а остатокот ќе оди за добротворните цели.

Според планот, од 20те избрани дела, 19 ќе се продадат во 100 копии, а едно во 97. Продажбата ќе започне на 22 мај, додека за посебно направени 20 дела на 23.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаИДУЕП фокус групи: Младите од регионот бараат од своите власти повеќе дигитални алатки за подигање на еколошката свест и поздрава животна средина
Следна статијаAETM: Зошто 72,5% од е-продавниците во регионот продаваат онлајн само на домашни купувачи?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.