Invite-1

Invite е нова апликација од Microsoft Garage проектот во почеток достапна само за корисниците на iOS. Исто така, оваа апликација на почеток ќе биде достапна само за корисниците од САД и Канада, меѓутоа поради интересниот и навистина корисен концепт, решивме да ја претставиме.

Користејќи ја Invite, корисниците испраќаат покани за состанок со повеќе можни времиња. Корисниците кои што се поканети може да ја имаат апликацијата, меѓутоа и не мора, односно може да одговорат преку веб страната од сервисот. По добивањето на поканата, корисниците бираат кое од предложените времиња им одговара, а исто така им се прикажани и времињата избрани од другите поканети личности.

Invite-screens

На овој начин се скратува времето кое што обично се губи во објаснување кој кога е слободен, преку нудење на повеќе слободни термини за организаторот.

По добивање на одговорите, испраќачот на поканата, односно организаторот на состанокот го одредува финалното договорено време и истото се испраќа и директно до календарите на останатите корисници.

Invite работи со Office 365 Work или Educations сметки, меѓутоа може да се користи и со обичните Outlook.com, Gmail и Yahoo email адреси.

Извор: Microsoft

Претходна статијаMeizu Pro 5 има Samsung Exynos чип, целосно метална изработка
Следна статијаAndroid телефонот од BlackBerry ќе се вика „Priv“ ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.