Одлуката на Microsoft да веќе не развива сопствена веб технологија, па да ја користи таа од Google, се покажува како конечно успешна за еден интернет прелистувач од компанијата. Microsoft Edge направен на основа на отворениот код од Chromium е многу побрз и компатибилен со сите веб страни, а тоа најмногу се должи на огромниот број на корисници на Chrome поради што страните се пред се’ прилагодени за работа на овој прелистувач.

Покрај доста други предности во кодот, Microsoft најави и дополнителни, за Edge уникатни функции, а една од тие која привлече доста внимание и доцнеше со пуштањето е Collections.

Оваа функција овозможува зачувување на веб страни во посебни групи, во посебен дел од прелистувачот, со што тие потоа лесно може повторно да се отворат. На ова може да се додадат и белешки, со што се добива одлично место за организација на одредени проекти.

Collections е одлична функција за одредени ситуации како на пример, истражување за каде да се оди на одмор и да се направат резервации, за реновирање на домот, а еве во нашиот случај, првата „колекција“ која ја направивме е од страни за достава на храна.

Тоа што ја прави оваа функција уште подобра е што страните може да бидат зачувани во Excel или Word, автоматски, прегледно организирано, па зависно што е тоа што се зачувува, правење на посебен документ за истото може да се покаже како одлична можност.

Покрај ова, Microsoft Edge 81 донесува и новини како поддршка за Dolby Vision, автоматско бришење на дупли омилени страни, подобра разлика помеѓу обично и сурфање во приватен режим, подобрувања при читање на PDF документи.

Со оглед на тоа што Edge сега работи на Chromium, како што одлучи Google поради состојбата со коронавирусот, 82-та верзија ќе биде прескокната, а директно ќе се оди на верзијата 83.

Претходна статијаНовите iPhone Pro модели ќе дојдат со променет дизајн и со помал исечок на екранот
Следна статијаMotorola го најави претставувањето на својот прв телефон од високата класа после долго време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.