Поради вонредната состојба во светот поради COVID-19 која доведе до тоа да многу луѓе работат од дома, Google најави дека ќе го одложи пуштањето на наредната верзија од Chrome прелистувачот, како и оперативниот систем. Ќе продолжат само безбедносните надградби, а новата верзија беше најавена за понатаму.

Причината за ова е променетиот распоред на работа на програмерите кои иако работат од дома, тоа не може да го замени организираното работење на тимот во канцелариите на компанијата.

Оваа недела Google излезе со информација дека го продолжува пуштањето на нови верзии од Chrome, со тоа што една од верзиите ќе биде прескокната. Па така, наредната верзија, односно верзијата 81 ќе биде пуштена на 7 април, по што ќе се премине директно на верзијата 83 која ќе биде пуштена во средината на мај, три недели порано од планираното.

Поради тоа што верзијата 82 нема да биде пуштена, односно ќе се оди директно на 83, во оваа верзија ќе бидат содржани и новините од верзијата 82.

Ова делува малку измешано и непотребно сложено, а посебно што сигурно повеќето корисници не ни гледаат на која верзија се од Chrome. Тоа што останува само да се извади од оваа новост на Google е дека работата продолжува, што е добра вест во ова време.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаHuawei го претстави HUAWEI WATCH GT 2e со над 100 режими за тренинг и надградени функции за следење на здравствени параметри
Следна статијаПочнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.