DSC_6807

Instagram е меѓу ретките познати апликации коишто одамна се достапни во официјална верзија на Windows Phone. Меѓутоа, како што после некое време стана нормално, апликацијата која започна во бета тест верзија, некогаш не беше наградена со доволно нови функции за да бета ознаката биде тргната.

Во октомври минатата година, на Windows 10 настанот, Microsoft најави соработка со неколку компании кои треба да ги донесат нивните познати апликации на оваа платформа. Меѓу другите, најавени беа нови верзии од Facebook, Messenger и Instagram кои воедно треба да бидат направени во новата универзална форма.

Facebook е се’ уште во изработка и нема информации кога може да се очекува, за Messenger има уште помалку информации, но затоа Instagram конечно е достапна за корисниците на Windows 10 Mobile.

Апликацијата не е целосно завршена, односно повторно ја носи бета ознаката, меѓутоа овој пат сигурни сме дека таа нема да остане така.

Instagram за Windows 10 е направена со сите функции достапни на другите платформи, односно е меѓу ретките случаеви кога Windows корисниците не се „дискриминирани“ и оставени само со основните функции.

Изгледот, односно корисничкиот интерфејс исто така е ист како на другите платформи, па новите корисниците на Windows 10 нема да треба да се навикнуваат на нешто ново.

instagram-w10-screens

Интересна е можноста на апликацијата, исто така преземена од другите платформи, за задржување со прстот на една слика во листата на слики кај некој корисник, по што истата се зголемува во форма на попап.

Според изгледот на апликацијата, а и претходно објавените информации, се веруваше дека истата е направена со помош на Project Islandwood, односно е пренесена од iOS. Сепак, иако е можно да е искористен кодот од iOS, таа е направена со помош на друга платформа.

Инаку, со оглед на тоа дека апликацијата е се’ уште во бета верзија, работата иако прилично добра, наидува на одредени багови коишто беа очекувани.

Instagram за Windows 10 Mobile можете да ја симнете преку следниот линк.

Симни ја Instagram Beta за Windows 10 Mobile

Извор: Widows Central, TNW

Претходна статијаРокот за аплицирање за Codefest Marathon истекува за една недела
Следна статијаВо Амстердам се отвори виртуелни кино, во кое посетителите гледаат филмови со VR очила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.