Instagram се приклучува на трендот на повеќе апликации како Facebook Lite, Messenger Lite, Skype Lite, но и апликациите со наставката Go од Google кои се во основа „полесна“ верзија од главните апликации.

Олеснета верзија значи дека апликацијата зафаќа многу помалку простор, како при симнување, така и по инсталацијата, потоа бара помалку ресурси за функционирање, а и троши помалку интернет сообраќај.

Овие верзии од апликациите се наменети за земјите во развој, односно земјите во кои поголемиот број од корисниците користат паметни телефони од ниската класа, со малку RAM и малку простор за податоци. Во овие земји исто така мобилниот интернет не е баш развиен, па брзината, но и месечниот лимит за овие корисници се прилично слаби и мали.

Instagram Lite како и другите вакви верзии доаѓа со помала големина на апликацијата, помалку побарувачка за интернет, а на сметка на сето ова истата ги нема сите функции на главната апликација.

Сепак, она што може да се прави со Instagram Lite е разгледување на сликите, се разбира, објава на слики и гледање на „приказни“. Во почетната верзија апликацијата не овозможува директни пораки, како и објава на видеа.

Instagram Lite моментално не е достапна во целиот свет, па не е можно да се инсталира во Македонија, а доколку во иднина стане достапна, ќе бидете навремено известени.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаПланирајте на долги патеки, грижете се за вашата безбедност, за вашиот живот и за безбедноста и животот на луѓето околу вас
Следна статијаGoogle исто така биле заинтересирани за купување на GitHub?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.