Google го претстави новиот дизајн стил којшто ќе стане карактеристичен за Android и апликациите уште во 2014 година. Почнувајќи од 5.0 верзијата од оперативниот систем, Material дизајнот ги замени постарите елементи од корисничкиот интерфејс со повеќе рамни површини и истакнати бои.

Постепено овој дизајн почна да се појавува и во апликациите, како од Google, така и од повеќето други програмери коишто имаат апликации за платформата.

Material дизајнот се покажа како одличен стил којшто може да се примени скоро секаде и да направи работите да изгледаат модерно.

Google Chrome за десктоп е една од последните апликации од Google којашто остана со постариот изглед. Дека во некој период од развојот на прелистувачот ќе му бидат додадени елементите од Material дизајнот беше јасно, меѓутоа со оглед на долгото поминато време, се поставуваше прашањето кога тоа ќе се случи.

Во најновата верзија од Chrome веќе се поставени основите за воведување на Material дизајнот во прелистувачот. Тие се дел од кодот на новата верзија, па со одредени промени во прилагодувањата може и да се вклучат за да се видат.

Претпоставките се дека промените ќе бидат готови во наредните две верзии од Chrome, односно корисниците ќе можат официјално да ги видат од 50-та верзија.

Инаку, досега направените промени во дизајнот покажуваат неколку работи. Табовите веќе нема да имаат заоблени краеви, односно истите ќе бидат квадратни. Таканареченото хамбургер копче ќе биде заменето со трите точки коишто се користат во Android.

Промени има и во останатите елементи коишто се користат низ прелистувачот како што се копчињата, иконите, лентата за скролање и слично.

Промени ќе има и во изгледот на Settings делот, како и Downloads. Воведена ќе биде и темна тема на прелистувачот додека е вклучен во инкогнито режим.

На следните слики може подобро да се видат некои од досега направените промени.

Извор: TNW, The Verge

Слики: The Next Web

Претходна статијаСмартпортал неделник 25 – 31 февруари 2016
Следна статијаFacebook Live Video ќе биде достапно за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.