Mozilla_Firefox_logo_2013.svg

Mozilla оваа недела ја издаде 44-та верзија од Firefox прелистувачот, а истата е достапна како и секогаш за сите достапни платформи, односно на Windows, OS X, Linux и Android. Надградбата може да се направи преку прелистувачот, доколку автоматските надградби веќе не се вклучени, односно преку Play Store на Android.

Покрај стандардните промени коишто доаѓаат со секоја верзија, главната промена на Firefox 44 за десктоп корисниците е поддршката за push известувања од веб страните.

Firefox веќе неколку верзии има можност за добивање на известувања од веб страните, меѓутоа сега истата е надградена со можност истите да се добиваат и кога веб страната не е отворена. Прелистувачот сепак ќе мора да е вклучен за да може да се добие известувањето, односно нема можност како во Chrome прелистувачот да продолжи да работи во позадина.

2016-01-22-13-03-38-88bff4

Вклучувањето на известувањата од веб страните се прави од страна на корисникот, односно тие нема автоматски да бидат вклучени, што би било проблем. Доколку одредена страна има поддршка за известувања, со притискање на зелениот катанец (до адресата на страната), покрај другите опции, ќе биде достапна и опцијата за дозволување на известувањата.

Покрај оваа новост, Firefox 44 за десктоп вклучува и променета страна за предупредување при посета на несигурни страни, како и новиот Brotli формат за компресија на страните од Google.

Целосната листа на промени на Firefox 44 можете да ја погледнете преку следниот линк за десктоп или следниот за Android.

Извор: VB, Mozilla

Претходна статијаApple со рекорден профит во последните три месеци од 2015
Следна статијаFacebook ќе воведе „Реакции“ како проширување на лајк копчето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.