01_bleep_blog_hero_0001_logo

Минатата година BitTorrent ја претстави Bleep, апликација за пораки која што нуди поголемо ниво на приватност и сигурност од останатите популарни вакви апликации. Истата прво беше достапна за тестирање од ограничена група на луѓе, по што стана достапна за сите корисници.

Интересно, од алфа тест верзија, оваа недела BitTorrent ја претстави финалната верзија прескокнувајќи ја бета верзијата. Со финалната верзија Bleep е официјално достапна на следните платформи: Windows десктоп, Android, iOS и Mac.

Главната карактеристика на Bleep, која што ја прави различна од другите апликации е користењето на peer-to-peer (P2P) протоколот за размена на информации. Тоа значи дека корисниците користејќи ја Bleep комуницираат директно еден со друг, без посредништво на сервери од компанијата.

Овој протокол, заедно со енкрипцијата на комуникацијата треба да овозможи многу повисоко ниво на заштита на разговорите. Ова посебно важи за можноста BitTorrent да ги даде разговорите на властите по судски налог, нешто што тие не можат да го направат поради тоа што тие ги немаат разговорите.

Bleep исто така овозможува поврзување на сервисот користејќи само прекар што овозможува дополнителна приватност. Сепак, доколку сакате можете да направите верификација на вашиот email и телефонски број, со што добивате можност вашите пријатели полесно да ве најдат.

bleep-message-to-whisper-crop

Со финалната верзија апликацијата доби можност и за разговори кои што се бришат од уредите по нивното отворање, односно после одреден временски период кој што во овој случај е 25 секунди. Функцијата е наречена Whisper, односно шепотење.

Bleep е достапна преку продавниците за апликации на соодветните платформи, а вашата верзијата можете да ја изберете преку нивната официјална страна на bleep.pm.

Извор: BitTorrent

Претходна статијаGoogle Chrome екстензиите ќе мора да се инсталираат од Web Store и на развојните верзии
Следна статијаFacebook тестира поедноставно споделување на линкови преку мобилната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.