Adobe ја претстави својата нова апликација Photoshop Camera, наменета за ова Instagram време, во ноември минатата година. Апликацијата тогаш им беше достапна на корисниците преку посебна покана, па од оваа недела може да ја симнат и користат сите корисници на Android и iOS.

Adobe Photoshop Camera е апликација наменета за сликање со користење на ефекти, а истото може да се направи и на веќе направените слики. Со други зборови, ова е нешто како Instagram Camera, без сопствената друштвена мрежа.

Со оглед на тоа дека Adobe веќе долго време работи на развој на вештачка интелигенција во нивните производи, ова е апликација која ќе ги добие предностите од истата при менувањето на сликите.

Работата со Photoshop Camera е едноставна. Кога ќе ја вклучите апликацијата таа веднаш ја вклучува камерата и можете да изберете од големиот број на таканаречени леќи со ефекти. Доколку сакате да измените некоја слика која веќе ја имате, ја бирате од галеријата по што започнувате со изборот на ефекти.

Ефектите ги има многу, може да се прилагодува нивното ниво, а достапни се и кратки анимации кои може да се наместат врз сликите. Поделени се и во групи според видот на слика на која ставате ефект за полесно пронаоѓање на тоа што ви треба.

Adobe Photoshop Camera е достапна на двете најголеми мобилни платформи и можете да ја симнете преку следните линкови: Adobe Photoshop Camera за Android и Adobe Photoshop Camera за iOS.

https://youtu.be/TrUPqyylDgs
Претходна статијаФИТР: Наградени проекти од 39 училишта на „Предизвик за млади истражувачи 3“
Следна статијаКамерата кај Huawei P40 Pro ја продолжува „традицијата“ по која се познати уредите од оваа компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.