Група на научници има спроведено студија која има за цел да ја открие реакцијата на луѓето со роботи кои се верува дека се повеќе ќе стануваат дел од нормалниот живот во форма на помагачи на постарите, на болните, во одредени услужни дејности и слично.

Студијата исто така е мотивирана од теоријата дека луѓето го сметаат секој медиум којшто покажува одредени „друштвени“ знаци, како живо суштество и соодветно на тоа и го третираат, како и информациите кои доаѓаат од „него“. Тоа важи и за компјутерите кои стануваат се повеќе интерактивни.

За цел на студијата се тестирани 85 луѓе кои имале за задача да разговараат со робот, а по завршување на разговорот, да го исклучат. Ситуациите биле различно поставени со цел споредба на резултатите, па така, роботот во одредени ситуации покажувал друштвени способности, во други се однесувал само механички, а на крај најважното, во одредени ситуации барал од своите соговорници да не го исклучат покажувајќи „страв“.

Резултатите, како што би се очекувало, покажуваат дека кога роботот покажувал друштвени способности, односно разговарал со луѓето покажувајќи повеќе „емоции“ и слични човечки особини, луѓето биле помалку спремни да го исклучат кога тој барал од нив да не го направат тоа.

Доколку роботот не барал од луѓето да не го исклучат, тие немале проблем со неговото исклучување, иако тој покажувал човечки особини за време на разговорот.

Она што е уште поинтересно во резултатите е дека луѓето уште помалку биле спремни да го исклучат роботот кога тој барал од нив да не го направат тоа, а за време на разговорот тој не покажувал човечки, односно друштвени особини.

Причината за тоа се гледа најверојатно во изненадувањето на луѓето кога робот којшто до тој момент се има „однесувано“ во рамките на очекувањата за еден робот, наеднаш почнува да покажува страв од исклучувањето.

ИЗВОРPlos
ИЗВОР 2USA Today
Претходна статијаGoogle Chrome побрзо ќе ги отвора страните со таканаречено „мрзливо“ отворање на сликите и одредени html елементи
Следна статијаПовеќе стотици Instagram сметки хакирани со ист начин на промена на информациите во нив
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.