NASA/JPL-Caltech

Cold Atom Laboratory или на скратено CAL, е името на лабораторијата која NASA ја развива и ќе ја испрати на Меѓународната Вселенска Станица ова лето, поточно некаде во август. Името не треба да не излаже. Се работи за мала кутија со големина на сандак за мраз, составена од ласери, вакуум комора и електромагнетен „нож“.

Ова се разбира е доволно за да се направи истражување на атоми, поточно за нивно изладување до температури од милијардити дел од степен над апсолутната нула која изнесува -273,15 Целзиусови степени. Од NASA истакнуваат дека ова е повеќе од 100 милиони пати поладно од длабочините на вселената.

CAL е дело на Jet Propulsion Laboratory од NASA која е лоцирана во Пасадена, Калифорнија, каде што е во финалните фази на составување. Малата лабораторија ќе биде однесена на Меѓународната Вселенска Станица во август со помош на CRS-12 од SpaceX.

Целта на CAL е да се овозможи подобро проучување на атомите при нивно скоро целосно забавување и претворање во квантна состојба, преку нивно ладење, односно состојба која преминува од таа на честички во форма на бранови. Оваа состојба е позната како Бозе-Ајнштајнов кондензат.

Проучувањето на атомите во вакво состојба ќе им овозможи на научниците да подобро ги разберат материјата, како и основната природа на гравитацијата.

Она што ја прави потребата лабораторијата да биде сместена во вселената е бестежинската состојба. На Земјата, каде што гравитацијата го има своето целосно влијание на експериментите, забавувањето на атомите и промената на состојбата остануваат само дел од секундата, по што се враќаат во својата нормална состојба.

Во орбитата на земјата, каде влијанието на гравитацијата е многу помало, се очекува набљудувањето да биде возможно дури 5 до 10 секунди, а со развојот на технологијата и методите, во иднина се очекува зголемување и на ова време.

Целта на ова истражување, односно резултатите треба да доведат и до повеќе подобрени технологии, како што се сензори, квантни компјутери и атомски часовници кои се користат за навигација на вселенските летала.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаЗаврши уште едно успешно издание на проектот Лидер во организација на Македонија2025
Следна статијаПостои начин да го наполните телефонот само со движење на прстите?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.