Европската Комисија, Европскиот Истражувачки Совет и „Event Horizon Telescope (EHT)“, најавија одржување на прес конференција за 10-ти април на која најавуваат презентирање на револуционерни резултати од EHT.

Прес конференцијата е закажана за 15:00 часот по македонско време, а ќе може да се следи во живо преку страната на Европската Јужна Опсерваторија (ESO).

Повеќе информации за што е тоа што ќе биде откриено на оваа прес конференција нема, меѓутоа кога ќе се земе во предвид целта и работата на EHT, можеме да очекуваме големи новости поврзани со црните дупки.

EHT конкретно работи како интернационална соработка помеѓу повеќе земји и научници и има за цел да ја сними првата „слика“ од црна дупка. Таа цел се обидуваат да ја постигнат преку креирање на виртуелен телескоп, преку поставување на повеќе телескопи на различни локации на Земјата и споредување и анализа на сите добиени податоци.

Се очекува прикажување на „слика“ од црната дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, нашата галаксија, односно можеби и од галаксијата Messier 87.

Се разбира, затоа и зборот слика го ставаме во наводници, слика од црна дупка не може да се направи. Овие вселенски појави се верува дека имаат толку голема гравитација што ништо, па дури ни светлината, не може да „избега“. Поради тоа, тие не може да се видат, од каде доаѓа и името црна дупка.

Тоа што може да се види, на некој начин, е таканаречениот Хоризонт на настани. Ова е делот околу црната дупка каде материјата и се што влегува во дупката забрзува со голема брзина, поради што зрачи со високо ниво на радијација.

Ова е делот којшто теоретски би можел да се види, па со помош на компјутерите кои се користат за оваа немена, да добиеме прилично добра и репрезентативна слика.

10-ти април е идната среда, па со нетрпение ја очекуваме оваа прес конференција, а се надеваме дека нема да не „разочараат“.

ИЗВОРESO
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статија„Мои Доктори“ е веб апликација која ќе ве информира кога има слободни термини на „Мој Термин“
Следна статијаНавики на познати личности: Марк Закерберг (Фејсбук)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.