LHC или Large Hadron Collider е моментално најголемиот, но и најпознат судирач на честички којшто се користи за откривање на многу работи кои повеќето од нас не ни можеме да почнеме да ги разбираме, барем не на доволно ниво.

Овој судирач е сместен во близина на Женева, односно под земја, а се протега во должина од 27 километри. Оваа да ја наречеме лабораторија е раководена од страна на CERN, односно Европската Организација за Нуклеарни Истражувања.

Од CERN веќе размислуваат што по LHC. Иако со моменталниот LHC се направени повеќе досега незамисливи откритија, сепак изгледа дека за да може да се продолжи и да се откријат уште повеќе работи, ќе треба судирач со поголема енергија.

По LHC би дошол FCC, односно Future Circular Collider кој би бил околу 4 пати поголем од моменталниот, односно би се протегал на должина од 100 километри. Судирањето на честичките во овој судирач би било со поголема брзина, а со тоа и со многу поголема енергија.

Што се ќе можат да се открие со FCC ќе треба да почекаме. Тој оптимистички се очекува да биде изграден до 2040 доколку биде одобрена неговата изградба, а за истото, покрај други фактори, ќе требаат и многу пари. Сепак, бројот на земји и научни установи кои се дел и ќе бидат дел од овој проект се многу, па верувам дека финансиите не би биле проблемот број 1.