Huawei најави минатата година дека работи на уред со екран на превиткување, па дури најавија дека нивниот уред официјално ќе биде претставен пред тој на Samsung.

Најавите се покажаа како точни, а од компанијата го закажаа својот настан во рамките на MWC 2019 во Барселона, на којшто ќе го претстават овој уред. Најавата доаѓа преку Twitter профилот на компанијата.

Од самата слика може да се види дека се работи за уред кој се превиткува, но повеќе информации за овој уред немаме. Интересно е што немаше ни многу неофицијални информации, па така, овој уред на крајот од месецот ќе биде вистинско изненадување.

Како што си најавија Huawei минатата година, овој уред исто така ќе дојде со поддршка за 5G мрежи. Тие се’ уште се во развој, па корисниците ќе треба да почекаат некој месец додека да можат да ја искористат оваа поддршка, но добро е да се знае дека ја има.


ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНатпреврувач од Србија е победник на третиот круг на CodeIT
Следна статијаТоп 5 музики од серии и филмови од 2018
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.