Samsung не се единствените кои идната година ќе влезат на се’ уште не започнатиот пазар на смартфони со екран кој се превиткува. Другите производители сите на некој начин најавуваат свој уред од оваа категорија, а едни од најсериозните конкуренти ќе биде Huawei, за кои веќе неколку пати можевме да прочитаме дека ќе имаат свој уред.

Минатата недела дојде и директна потврда од директорот на компанијата Ричард Ју, кој говореше со американските медиуми за време на претставувањето на Mate 20 серијата на уреди.

Поточно, во разговор со порталот Digital Trends, Ју нагласи дека тие работат на телефони кои ќе се превиткуваат со поддршка за новиот 5G стандард.

„Ние работиме на свитливи телефони. Свитливи 5G телефони.“ – истакна Ју.

Каков точно ќе биде овој уред тој не истакна, а исто така само најави дека телефонот би бил претставен идната година. Според медиумите во САД, Mate 20 X ќе биде уредот на чија основа ќе биде направен телефонот кој ќе се превиткува.

Mate 20 X, кој беше претставен минатата недела, доаѓа со огормен 7,2 инчен екран, но благодарение на малите рамки околу него, тој сепак може да се користи како телефон. Овој голем екран е одлична основа за превиткување, со што ќе се добие помал уред кој многу полесно ќе може да се стави во џебот, но и да се користи во ситуациите кога се потребни само основните функции за разговарање.

Што се однесува до Samsung, тие ќе претстават телефон којшто ќе се користи како таблет кога ќе биде отворен, а овој уред можно е да го видиме веќе идниот месец.

Microsoft се исто така во игра со нивниот Andromeda проект за кој можевме да видиме и патент кој ни покажува во кој правец се развива овој уред.

Идната година дефинитивно ќе биде годината во која повторно ќе видиме промена на основниот начин на користење на телефоните, односно повторно ќе видиме еден вид на револуција на овој пазар.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.