SGS5

Се шпекулира дека Samsung ќе подрани со најавата на Galaxy S5. Уредот кој се очекуваше да биде најавен во март следната година, можно е да биде претставен уште во јануари, а продажбата на истиот да започне еден месец потоа.

Како главна причина за ова се наведува падот во продажбите на Galaxy S4 по излегувањето на iPhone 5S и 5C, додека улога има и зголемената популарност на HTC One.

Како одговор на конкуренцијата и желбите на потрошувачите Samsung Galaxy S5 се очекува да има метален дизајн наспроти пластичниот кај S4. Засега Samsung  е единствениот помеѓу големите производители кој сеуште користи пластичен дизајн за своите водечки модели. Новите материјали со кои се шпекулира се магнезиум и алуминиум.

Исто така, како одговор на Apple се очекува Galaxy S5 да вклучува 64-битен процесор и сензор за препознавање на отпечатоци.

Samsung подготвува и нова камера со подобрен систем на стабилизација на слика и сензор кој ќе се справува подобро во услови на слаба светлина.

Од страна на Samsung  засега нема официјална реакција на овие гласини.

Претходна статијаДодатете слики на Glance екранот со Glance Background
Следна статијаСега сите може да ве пронајдат на Facebook