По откритието дека процесорите на Intel и ARM, а делумно и на AMD, имаат грешка во дизајнот која овозможува потенцијален пристап до одредени заштитени информации од корисниците, сега изгледа истото ќе го читаме и за AMD.

Со оваа информација излезе израелската компанија CTS Labs, која открива дека се пронајдени 13 критични пропусти во процесорите од AMD кои се користат на компјутерите, серверите и мобилните.

Пропустите се поделени во четири групи, а секоја од нив е посебно именувана, како Ryzenfall, Masterkey, Fallout и Chimera. Процесорите од AMD кои се отворени за напади од овие пропусти ги вклучува Ryzen и EPIC процесорите кои се користат во серверите, што значи дека се работи за милиони уреди од кои и такви на компании.

Во основа, пропустите на различни начини овозможуваат пристап до заштитениот дел од процесорот и информациите содржина во него. Со тоа потенцијален напаѓач може да дојде до информации кои ќе му овозможат пристап до многу поголем дел од компјутерот на корисникот.

Сепак се истакнува дека за да дојде до ова, потребно е да веќе на некој друг начин е инсталиран малициозен код на компјутерот или да се има физички пристап до истиот.

Видеото во продолжение на краток и едноставен начин ги опишува пронајдените пропусти, а за истата цел направена е и посебна веб страна https://amdflaws.com/.

Откривањето на овие пропусти предизвика доста критики во јавноста, како и помеѓу одредени познати личности, како што е Линус Торвалдс. Главните критики се однесуваат на рокот од 1 ден кој бил даден пред јавно објавување на пропустите, наспроти праксата од барем 90 дена. Google им има дадено на Intel и AMD дури 200 дена за истражување и средување на познатите пропусти Spectre и Meltdown.

Торвалдс дури обвинува дека целата оваа работа е поврзана со манипулација со вредноста на акциите на AMD, отколку вистински проблем

Сепак, други сигурносни компании ја потврдуваат сериозноста и точноста на пропустите, без разлика на начинот на којшто тие биле презентирани на јавноста.

Од CTS Labs се бранат дека причината поради која не е дадено повеќе време пред објавување на пропустите е фактот што после консултации дошле до заклучок дека AMD овој проблем нема да може да го реши со месеци, ако не и година.

ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаLG G7 ќе има исечок на горниот дел од екранот кој ќе може да се „тргне“ по избор на корисникот
Следна статијаGoogle забрани рекламирање на крипто-валути
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.