Манијата поврзана со крипто-валутите која го зафати светот се шири со неверојатна брзина. Брзиот и едноставен начин да се стекне богатство се нешто што од секогаш „палело“ кај луѓето. Многумина во крипто-валутите гледаат начин на заработка, дури и ако не нужно се работи за тргување со истите. Во последниот период рекламните канали на Google беа преплавени со реклами за разни крипто-валути и шеми за тргување со истите.

Меѓутоа се испостави дека добар дел од рекламите всушност имаат лоша намера, односно ја искористуваат својата публика. Најчест случај се линковите до кои водат таквите реклами во позадина да користат скрипта преку која се „киднапира“ CPU-то на посетителот. „Киднапирањето“ се применува со цел да се помогне т.н. копање на крипто-валути за некоја трета страна.

За да застане на патот на овој тренд Google реши да издаде список со предупредувања и упатства поврзани со ваквиот начин на измама. Дополнително, рекламната мрежа на Google отстрани 130 милиони реклами кои беа осомничени за вакво делување. Забраната за рекламирање на крипто-валути и содржини поврзани со нив, директно влијаеше на нивната цена на берзата. Имено, веднаш по забраната цената на најпопуларната крипто-валута Bitcoin опадна за дури 6%.

Ваквата опструкција од страна на Google врз пазар вреден милиони е логичен чекор. Ако се знае дека целиот тој свет на крипто-валути не е законски регулиран и претставува одличен основ за измами и криминал. Па очекувано е дека компанија како Google ќе се огради од соучество во таквиот криминал.

ИЗВОРThe Daily Dot
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаCTS Labs: 13 критични сигурносни пропусти пронајдени во процесорите од AMD
Следна статијаСтудија: Лажните вести на Твитер се шират побрзо од вистината