СКОПЈЕ, 24 април 2018 – Wizz Air, една од најбрзо растечките авио-компании во Европа и водечки ниско-буџетен оператор во Централна и Источна Европа, денес објави дека ќе отвора нов центар за обука до крајот на 2018 година. Новиот објект ќе има два нови најсовреми симулатори за целосен лет, како и сосема нов кабински тренер за итна евакуација и вистински противпожарни помагала.

Додека авио-компанијата продолжува со силниот раст низ цела Европа, со повеќе од 20% годишно и сака тројно да ја зголеми својата флота во претстојната деценија, новиот модерен центар ќе му овозможи на WIZZ да го зголеми капацитетот за обука до 100 членови на екипажот дневно, растејќи до повеќе од 250 во иднина, истовремено одржувајќи ги највисоките стандарди.

Лоциран на пет минути од меѓународниот аеродром во Будимпешта Liszt Ferenc, објектот ќе биде најголем центар за обука поврзан со воздухопловството во регионот и еден од најнапредните во Централна и Источна Европа, изграден со ефикасен и еколошки инженеринг и опремен со најновите технологии достапни на пазарот. Во прилог на трите симулатори и обучувачот на кабината, објектот од  3.800 квадратни метри ќе вклучува  14 простории за обука, канцелариски дел, големо лоби и соба за пауза и рекреација. Објектот може да се прошири со дополнителни симулатори или повеќе простории за обука  давајќи на компанијата додадена флексибилност и простор за нејзиниот иден раст.

Дидерик Пен,  потпретседател и главен оперативен директор на Wizz Air изјави:
До крајот на 2018 година, ќе имаме меѓународен тим од над 1.000 пилоти и 2.000 кабински екипаж кој ќе се обучува постојано. Овие бројки би можеле тројно да се зголемат за 10 години, како резултат на експанзијата на Wizz Air. Овој нов објект ќе ги подобри можностите за обука и регрутирање и ќе ја засили нашата посветеност кон најдобри стандарди за обука, додека истовремено го поддржуваме брзиот раст на нашата компанија.

Двата нови Full Flight Симулатори на Ербас А320 ќе бидат испорачани од страна на CAE,  глобален лидер во решенијаза обука во областа на воздухопловството за пазарот на цивилна воздушна пловидба, кој исто така ќе обезбеди непречено работење и одржување на уредите за обука во наредните 10 години.

“Ние сме горди што го поддржувавме Wizz Air за обука на своите пилоти и работењето на нивната опрема “, рече Ник Леонтидис, претседател на групацијата CAE, решенија за обука за цивилно воздухопловство. “Ние сме среќни што можеме да го прошириме нашето партнерство со Wizz Air и да го поддржиме нивниот раст со нашите сеопфатни решенија за обука”.

Двата нови симулатори Ербас А320 за целосен лет ќе бидат испорачани од страна на CAE, глобален лидер во решенија за обука во областа на воздухопловството за пазарот на цивилна воздушна пловидба, кој исто така ќе обезбеди непречено работење и одржување на уредите за обука во наредните 10 години.

“Ние сме горди што го поддржувавме Wizz Air за обука на своите пилоти и работењето на нивната опрема за обука”, рече Ник Леонтидис, претседател на групацијата CAE, решенија за обука за цивилно воздухопловство. “Ние сме среќни што можеме да го прошириме нашето партнерство со Wizz Air и да го поддржиме нивниот раст со нашите сеопфатни решенија за обука”.

Претходна статијаАарон Кауфман, механичарот кој изработува автомобили по мерка, се враќа на Дискавери каналот во новата серија „Менуваме брзини со Аарон Кауфман“
Следна статијаWindows Phone дефинитивно нема да биде развиван – Microsoft почна да откажува свои апликации за оваа платформа