Jonathan Mansour in the driver's seat of the America’s Extreme Off-Roading Adventures (AXA) black car.

Ѕвездата од серијалот ,,Брзи и гласни“ се враќа повторно и овој пат тој самиот е газда. Го редефинираше концептот на изработка на автомобили по нарачка, ги искористи своите дизајнерски способности до максимум и страствено навлезе во изработката на возила.

Аарон работи со прифатен концепт и конструкции за изработка за кои од секогаш сонувал, ги проширува своите вештини и смерови со кои претходно никогаш не работел…ги претвори различните типови на возила во потполно нови и непрепознатливи.

Close up of Aaron Kaufman helmets.

Како му појдоа работите од рака, може да погледнете на Дискавери каналот на 24 април во 21.00 часот. Продуцент на серијата е компанијата Pilgrim Media Group.

По напуштањето на Gas Monkey Garage 2016, Аарон Кауфман се пушта во нова авантура- покренување на своја сопствена работилница Arclight Fabrications во Далас, во која се произведуваат делови за автомобилот Форд F100.

Заедно со тимот на механичари од САД кој самиот ги одбрал како најдобри, Аарон сака да даде до знаење дека неговата работилница ќе постигне екстремни перформанси на своите возила.

Аарон на своето патешествие влегува вокомфорна зона , разговара со бројни експерти низ земјата и не се задоволува се додека не ги помести крајните граници на перформансите на секое возило поединечно.

Josh Freeman, Jonathan Rodriquez, Jason Bowman, Jeremy Webster и  Jonathan Mansour, се механичарите кои Аарон самиот ги одбрал, поради нивните особени вештини и придонеси во работата.

Сите тие имаат огромна страст и желба за напредок, талентирани се и не се откажуваат.

За прв проект , Аарон дава предлог за големиот Ultra4 камион. Планира да преземе Internation Scout, кој е познат по својот неверојатен и единствен стил и да го трансформира во жестока машина.

Целите за ова возило се навистина специфични и истото треба да се натпреварува во “King of the Hammers”.Тоа е една од најтешките off-road трки во светот, во која има варијации на самото тркање.

Аарон ќе создаде ѕвер кој ќе може да вози на едни од најопадните места на светот…..

Претходна статијаНеопходни се промени во Балканските образовни системи – еден од заклучоците од дебатата за дигитални вештини на Дигиталниот Самит
Следна статијаWizz Air започнува со изградба на нов центар за обука