Дека Windows Phone платформата е „мртва“ ни е јасно веќе одамна. Microsoft и најави дека иако поддршката за сигурносни надградби ќе остане, корисниците да не очекуваат нови функции за овој оперативен систем.

Денешната информација само го потврдува ова и ги намалува и така малите надежи за фановите на платформата дека можеби нешто ќе се промени кај Microsoft. Поточно, Skype for Business, Yammer и Microsoft Teams престануваат со работа од 20-ти мај.

Првите две апликации можеби ќе може да се користат, односно тие само нема да бидат достапни од Windows Store и нема да добиваат нови верзии, но Microsoft Teams целосно нема да работи. Корисниците кои ќе се обидат да се најават на апликацијата ќе добијат грешка.

Од компанијата истакнуваат дека тие активно продолжуваат да ги развиваат овие сервиси и апликации за другите платформи, односно за Android, iOS, Windows и Mac.

Од друга страна пак информациите говорат дека фановите на Windows не треба целосно да ја изгубат надежта дека овој оперативен ќе добие добра и развивана мобилна верзија. Повторно се појавуваат докази дека Microsoft сепак работи на Surface Phone, а тоа ќе го дознаеме оваа или идната година.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаWizz Air започнува со изградба на нов центар за обука
Следна статијаДали Bitcoin е измама?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.