Првата дигитална интерактивна телевизија во Македонија – MaxTV слави десет години.

Откако во 2008 година Телеком ја донесе на пазарот оваа револуционерна услуга целосно се смени нaчинот на кој се гледа телевизија.

MaxTV се развиваше, се прилагодуваше на очекувањата на корисниците, воспостави нови стандарди. Низ перспектива од десет години воведовме можности како електронски програмски водич, снимање на програмите, паузирање на програмите во живо, враќање наназад, Video on Demand (VoD) – кинотека, видеотека, филмотека,… Затоа денес,  MaxTV е омилена телевизија на повеќе од 125.000 домаќинства.

По повод овој значаен јубилеј, Македонски Телеком им се заблагодарува на довербата на корисниците и подарува.

Од 8 ноември 2018 до 8 јануари, 2019, MaxTV корисниците ќе уживаат во омилените филмски содржини на HBO пакетот без дополнителен надомест.  А постпејд корисниците на подарок добиваат и 10 GB мобилен интернет.

Ние продолжуваме да инвестираме во ексклузивни содржини и да креираме услуги со премиум квалитет базирани на најнови технологии, иновативни и по мерка на корисникот.

Повеќе информации за активирање на промотивниот пакет на следниот линк.

Претходна статијаNubia X е смартфон со навистина креативно решение за екран без рамки
Следна статијаFacebook ќе овозможи простор од 10 минути за бришење на пратена порака во Messenger