facebook_ss

Во една значајна (но сепак пирова) победа за приватноста, хамбуршката Агенција за заштита на податоците му укажа на Facebook дека не смее да ги бара вистинските податоци од германците, и дека мора да дозволи користење на псевдоними.

Акцијата на Агенцијата доаѓа по жалбата од една жена која имала псевдоним на Facebook. Facebook и` ја блокирал сметката, а кога жената сакала да ја одблокира побарале од неа да поднесе копија од идентификациони документи за да потврди дека името е вистинско. Акцијата против Facebook доаѓа и од предходно, бидејќи една слична белгиска агенција ја одведе социјалната мрежа на суд токму заради овие проблеми со приватноста и за тоа какви информации собира од корисниците.

Од Facebook одговорот е разбирливо разочарувачки, бидејќи нивниот успех се базира токму на крадење на лични податоци и нивно продавање на разни купувачи на реклами, а од документите објавени од Сноуден се гледа дека соработувале и со NSA (иако напразно го негираа тоа). Нивниот одговор е следниот: „Користењето на автентични имиња на Facebook ја заштитува приватноста и безбедноста на луѓето преку осигурување дека луѓето знаат со кого споделуваат и се врзуваат“.

Според Facebook, нивните сервери за Европа се во Ирска, па затоа германското право не важело за нив. Ирските набљудувачи за приватност во 2011 г. одредија дека политиката на Facebook за вистински имиња не се коси со ирските закони, и дека дури е оправдана заради спречување на некои кривични дела. Сепак, ако веќе легално се шпиунираат граѓани на друга држава, секако дека на тоа шпиунирање ќе важат и правилата и законите на таа иста држава – во случајов, Германија.

Како и да е, ова е мала, но значајна победа против сервисите и групите кои пак имаат водачи кои даваат изјави како „Приватноста е мртва“, но од друга страна ги купуваат сите имоти околу својот за да ја зачуваат својата приватност.

Извор: Reuters, Sophos: Naked Security

Претходна статијаИ Кина има своја Tesla – запознајте ја Youxia X!
Следна статијаAwareCar – личен локатор за автомобилот