Google

Мислам дека никој не го очекуваше ова. Матичната компанија на Google, Alphabet, објави дека реализираше прв успешен квартал од годината. Се очекува дека ќе продолжи да го развива својот бизнис во оваа насока и да расте уште повеќе отколку што беше пред една година. Ако зборуваме за конкретни бројки, профитот на Google порасна за фантастични 26%. Ако направиме споредба на првиот квартал од минатата година, ќе видиме дека профитот на Google пораснал за 22%.

Овие бројки се интересни, особено ако се земе во обѕир дека имаше тренд на опаѓање на CPC (cost per click) маркетингот. Да ви објаснам за тие што не сте во тие води, станува збор за метрика која практично ја одредува вредноста на една реклама. Oва е особено важно, бидејќи со текот на времето се’ повеќе и повеќе веб пребарувањето се прави од мобилни уреди. Минатата година Google објави дека оствариле 24.75 билиони американски долари во првиот квартал.

Матичната компанија на која и’ припаѓа Google, Alphabet, развива и други бизниси, како што се автономни возила и балони. Тоа е добар знак со кој му се дава до знаење на пазарот дека се разгледуваат и други бизнис можности настрана од пребарувањето. Како и да е, факт е дека засега тоа претставува само мал дел од бизнисите кои тие ги развиваат и акцентот и натаму е ставен на сервисите кои гу нуди Google, во најголем дел мапите, пребарувањето и преведувањето.

Додека рекламниот бизнис на Google продолжува да се развива промислено, диверзификацијата на приходите во иднина ќе биде сè поважна за компанијата. Всушност, тоа е клучот за сите можни закани за приходите од рекламирање. Во целиот свет веќе постои “хаос” кога станува збор за она што се случува со корисничките податоци. Тука го референцирам големиот скандал на Facebook каде податоците на 87 милиони корисници на социјалната мрежа завршија искористени во политичка компанија за истражување која ја спроведување Cambridge Analytica.

Генерално, општо ни недостасуваат закони кои би го регулирале ова прашање. Засега, се чини дека Google напредува одлично. Мене живо ме интересира како ќе се одвиваат работите и за нив во иднина.

Претходна статијаНе го крши синџирот
Следна статијаШто знаат маркетерите за вас кога огласуваат на Facebook?