Сите ние имаме желби, аспирации, и цели за новата година или за наредните неколку месеци. Можеби сакаме да читаме повеќе, или пак да вежбаме секој ден за да се спремиме за летото.

Без разлика која ни е целта, нејзиното остварување зависи од едно и единствено нешто: нашата дисциплина во одржување на навиката која што сакаме да ја стекнеме.

Една од најтешките, но и најважните аспекти од личниот развој и остварување на цели е само-дисциплината. Деновите кога ја имаме, се чувствуваме семоќни и како ништо да не може да не спречи. Кога ја немаме, се чувствуваме беспомошно и најчесто не само што не напредуваме, туку се враќаме назад во поглед на остварување на целите.

Дури и кога следиме добра рутина во патот кон, да речеме, слабеење или вежбање и јадење здраво, постојат денови кога сме уморни или оптоварени со секакви грижи и мисли. Во тие денови е најважно да останеме приземјени и да не скршнеме од патот. Еден ден недисцплина се претвора во два дена кршење на навиката. Два дена се претвораат во три и така натаму. После еден месец се прашуваме каде воопшто сме упатени и зошто немаме напредок.

Иако звучи необично, Џери Сајнфелд (Сајнфелд) го има создадено совршениот „хак“ за да останеме мотивирани кој било ден од месецот. Неговото резонирање е едноставно. Не го крши синџирот.

Image result for don't break the chain

За секој ден напишан нов материјал за неговиот стендап, Сајнфелд пишува голема буква X на својот календар која означува дека дента го направил она што зацртал дека ќе го направи.

Истото може да се примени на нејадење благо, одење во теретана, пишување книга итн.

После неколку денови на продолжување на низата, ќе бидете повеќе мотивирани да го продолжите синџирот уште понатаму. А тоа ќе го смени начинот на размислување што го имате за остварување на вашата цел. Ќе станува се полесно. А резултатите ќе бидат се повидливи.

Кој би рекол дека е толку едноставно.

Претходна статијаЕУ ќе го истражува договорот помеѓу Apple и Shazam
Следна статијаGoogle ги надмина очекувањата и оствари профит од 31 милијарда долари