KaiOS е мобилен оперативен систем кој е направен на основа на едно време надежниот Firefox OS, кој сепак не успеа да се пробие на пазарот, па беше откажан. Карактеристичен е по тоа што е направен на база на веб технологии, па програмерите за правење на апликации треба да користат само HTML5, CSS и JavaScript.

Овој оперативен систем се користи од страна на производителите на таканаречени „feature“ мобилни телефони, односно мобилни телефони кои се направени во стилот пред појавата на паметните телефони.

Nokia, односно HMD Global, се’ уште претставуваат вакви телефони, а еден од последно претставените и популарни е модерната верзија од Nokia 8110, порано познат под прекарот „банана“.

Google реши да инвестира во овој мобилен оперативен систем и покрај нивниот Android кој и може да се каже дека е најпопуларниот систем на пазарот, покрај iOS.

Главната причина за тоа се разбира е соработката со развивачите на KaiOS, со цел Google апликациите, односно дел од нив меѓу кои најважната Search, бидат достапни на овие уреди кои и не се во така мал број, а посебно во земјите во развој.

Ова ќе придонесе кон тоа да развојот на оперативниот систем продолжи, а производителите да продолжат да претставуваат уште вакви уреди кои и покрај паметните телефони имаат голема база на корисници.

ИЗВОРKaiOS
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаYouTube канали што треба да ги следите (ЕДУКАЦИЈА)
Следна статијаЕУ почна војна против мемињата, интернетот возвраќа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.