Постојат мноштво на канали на Јутјуб преку кои можете да научите нови работи за се и сешто. Но, тука ги препорачуваме каналите кои можеби не сте ги сретнале досега, и кои ќе донесат новина во вашето Јутјуб искуство.

Во овој напис ќе посветиме внимание на канали за едукација и информирање.

Crash Course

Дело на браќата Џон и Хенк Грин (Џон е автор на повеќе бестселери – најпознатиот беше the Fault in Our Stars според кој беше снимен и филм). Каналот има безброј видеа чии теми се разновидни колку што се и забавни.

Можете да најдете видеа за првата и втората светска војна, но и за еволуција, киберзбедност, грчка митологија, филм, компјутерски науки и безброј други теми. Видеата се направени како анимации, нарацијата е беспрекорна и секое од видеата се едукативни и можат да ве научат нешто ново.

Vsauce, Vsauce 2 и Vsauce3

Сестрински канали кои се слични по содржина и начин на раскажување. Видеата на овие канали се креирани како видео есеи, и во секое видео се разработува некој општествен феномен или психолошки човечки карактеристики.

Одлично видео со кое може да започнете е „Дали живееме во симулација?“ или „Што е парадокс?“. Тоа ќе биде доволно за да ве вовлече во нивниот универзум.

Veritasium

Слично и на Vsauce, и овој канал се занимава со видео есеи посветени на теми од областа на науката, психологијата, езотеријата и повеќе други теми. На пример, во едно видео можете да се информирате за тоа дали мобилните телефони предизвикуваат мозочен тумор, а во друго да се информирате за критичко размислување.

Претходна статија„Карпата“ лансираше безжични (и прескапи) слушалки
Следна статијаGoogle инвестира во KaiOS, оперативен систем на кој работат „обичните“ мобилни телефони