VolksWagen
Фото: VolksWagen

Германскиот гигант Volkswagen по скандалот со дизел моторите решава комплетно да се искупи пред јавноста. Плановите на компанијата кои се однесуваат на наредните неколку години се јасен показател на нивното преориентирање.

VolksWagen
Фото: VW

Имено, до 2025-та Volkswagen планира да претстави дури 30 модели на свои автомобили, делумно или целосно електрифицирани. За почеток, тие претставија 3 основни модели врз чија база ќе се развиваат понатамошните верзии на електрични автомобили. Стандардно, се работи за т.н. hatchback варијанта, SUV и редизајн на еден од најпопуларните модели, Microbus-от.

VolksWagen
Фото: VW

3-те модели се дел од проектот ID Family и ќе се најдат во продажба веќе од 2019-та година. Прв ќе биде достапен hatchback моделот наречен ID. Веќе наредната година ќе се појави и ID Cozzy, односно SUV моделот. Популарниот хипимобил, The Buzz, ќе дојде дури 2022-ра година. Сите три модели се карактеризираат со футуристички дизајн, а јавноста имаше прилика да ги види во Калифорнија, на популарната плажа Венеција.

VolksWagen
Фото: VW

Паралелно со работењето врз новите електрифицирани модели, компанијата работи и на инсталирање на инфраструктура неопходна за полнење на истите. Се чини дека скандалот со дизел моторите кои беа продадени ширум светот доволно го оцрнија образот на еден од најголемите германски брендови. Компанијата сега оди во потполно друга крајност нудејќи еко-алтернатива.

Извори: Wired, VW

Претходна статијаHaven – апликација од Едвард Сноуден која го претвора секој Android уред во систем за безбедност
Следна статијаКаратистите од карате клубот Макпетрол меѓу најуспешните