island_landingpage_topslot2

Во текот на изминатиот викенд беше објавена информација за таканаречено „протекнување на информации“ кое најверојатно е најголемото досега, поголемо од тие на WikiLeaks, Едвард Сноуден и слични.

Информациите се испратени до одредена група на новинари, а процесот е почнат пред една година. До денес на новинарите им се доставени информации во големина од 2,8 тера бајти, кои сочинуваат 11,5 милиони документи.

На документите работеле околу 400 новинари од повеќе од 100 медиумски организации во повеќе од 80 земји во светот. Главните медиуми кои почнаа да ги објавуваат информациите, а истото ќе го продолжат во периодот што следи, се The Guardian и Süddeutsche Zeitung.

Протечените информации се однесуваат на познатите офшор компании и банкарски сметки кои најчесто се отвораат во земјите како Британски Девствени Острови, Бахамите, Панама, Сејшели, Самоа и слични.

Иако отворањето на компании во овие земји не нелегално само по себе, тие се познати по тоа што луѓето ги користат за криење на сомнително стекнатото богатство. Компаниите кои ги креираат секогаш се на име на други луѓе, односно не на нивно име, со што се отежнува нивното поврзување со нив.

Протечените информации доаѓаат од панамската компанија Mossack Fonseca. Тие ги нудат своите услуги во поголемиот дел од светот и вклучуваат основање на компании во офшор регионите, креирање на банкарски сметки, финансиски услуги и слично.

Може да се замисли само какви се информации содржи оваа компанија, па информациите кои ќе почнат да излегуваат од 12 месечното истражување и средување на податоците, ќе предизвика големи поместувања во светот.

Според првичните информации, податоците содржат докази за поврзаност на офшор компаниите со познати светски политичари, спортисти, мафијаши и слично.

Едни од првите информации кои се објавени говорат за поврзаноста на одредени компании, како и заеми кои водат до луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин. Според информациите зделките до кои водат трагите од документите се во вредност од 2 милијарди долари. Тие во главно водат до луѓе блиски до Путин, а тој не фигурира во ниту еден од документите, но познато е дека тоа ретко е случајот во ваквите ситуации.

Документите исто така ќе откријат и повеќе информации за тоа како е дојдено до криминалните дејства во FIFA кои станаа популарни минатата година и доведува до промени во организацијата.

Извор: The Guardian, Süddeutsche Zeitung

Претходна статијаSamsung претстави паметно ветробранско стакло за мотоциклите
Следна статијаNokia се враќа – првиот Android смартфон е од средната класа и ќе се вика A1?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.