claxi-1

Скопје, 14.10.2015 –  Градот Даблин повторно станува центар на иновативниот дигитален свет. Најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот Web Summit, од 03 – 05 Ноември 2015 по шести пат ќе се одржи во Даблин, Ирска, а Claxi – првата македонска апликација за повикување на такси гордо ќе ја претстави својата апликација помеѓу миксот од менаџери, основачи, инвеститори, стар ап компании и индивидуалци од различни индустрии, особено ориентирани кон технологијата.

На најголемата и најпознатата конференција за технологија во светот – Web Summit, ќе се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот на работа, а истовремено да ги отвори вратите за потенцијални партнерства и инвестиции на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на бета (тест) верзијата на оваа апликација за iOS.

Тимот на Claxi, оваа година реши да ги изненади своите корисници, подарувајќи бесплатни влезници на оние кои сакаат да бидат дел од Web Summit 2015. Заинтерсираните кои сакаат да станат добитник на влезница, потребно е да го контактираат тимот на Claxi, на support@claxi.net.

На овогодинешната конференција Web Summit која ќе се одржи од 3-ти до 5-ти ноември се очекуваат повеќе од 30.000 посетители, 21 конференција и 1.000 говорници од целиот свет. Меѓу говорниците, најзвучни имиња оваа година се Mike Krieger – Ко-основач на Instagram, Stewart Butterfield – Ко-основач и извршен директор на Slack; Dan Brown – Автор; Peggy Johnson – задолжен за развој на компанија, Microsoft; Edwin van der Sar – Генерален маркетинг менаџер, Ajax; како и многу други светски имиња. Цената на билетите започнува од €1,245 евра и истите им овозможуваат на посетителите пристап до сите сцени на конференцијата.

Претходна статијаВо Јапонија ќе биде претставена првата целосно роботизирана фарма
Следна статијаИнтел објавува приход од третата четвртина од 14.5 милијарди долари