Многу веројатно веќе сте ја гледале или сте слушнале за новата мини-серија на HBO, Чернобил. Во пет епизоди авторот Крег Мацин и режисерот Џона Ренк ја прикажуваат нуклеарната катастрофа која се случи во Чернобил во 1986, неколку години пред распадот на СССР.

Без големи спојлери, ова се пет политички опсервации кои ги имав после секоја епизода од серијата.

Политичка опсервација бр.1 после 1-ва епизода

Shit happens. Трагедии, несреќи, хаварии.

На секој можат да му се случат.

Разликата е како ги решаваш. И сакаш да бидеш спремен и да не работи системот против тебе.

Политичка опсервација бр.2 после 2-ра епизода

Интересно е како инхерентно мрзливи народи кога ќе воспостават тоталитаризам воспоставуваат социјализам. Целиот систем им е ГЛУМЕЊЕ строгост и дисциплина, а РЕАЛНО ништо не функционира (освен репресија и пропаганда).

Инхерентно дисциплиниран и работлив народ (пр. Јапонци, Германци) кога воспоставува тоталитаризам воспоставува фашизам.

Да, има исклучоци – пример Источна Германија – кои го потврдуваат правилото.

Политичка опсервација бр.3 после 3-та епизода

Има несреќни луѓе, неуспешни луѓе, катастрофално лоши што и да пипнат ќе расипат, и скроз друг левел се социјалистите. Што пипнат, пепел.

Но за едно им давам рака – урбанистичко планирање.

Дури и еден Припјат (или како и да се викаше) и градчињата околу Чернобил, беа убаво урбанизирани, со зеленило, отворени простори, детски игралишта.

П.с. И Скопје – особено Аеродром – е очигледно попаметно испланирано од она што се нови населби денес.

Политичка опсервација бр. 4 после 4-та епизода

СЕ социјалистичко е изградено врз МИТОВИ и ЛАГИ. Едноставно, тоталитарни општества (и не само социјалистичките!!!) НЕ СМЕАТ да си дозволат транспарентност бидејќи моделот СЕ ЗАСНОВА на верување во семоќност.

Да објаснам попластично бидејќи многумина кои ги интересира политика не го разбираат ова. Во суштина, социјализмот се базира на идејата дека државата може ПОДОБРО да ја „планира“ економијата од пазарот (интеракцијата на сите граѓани). За да може оваа идеја да тлее Државата НЕ СМЕЕ да дозволува големи пропусти и проблеми да излегуваат на виделина бидејќи таквата неспособност го загрозува ЦЕЛИОТ МОДЕЛ! Сите социјалистички кариери, книги, пропаганди, итд., паѓаат во вода ако реалноста се дозволи да излегува на виделина.

Оттука, кога на вага се ставил животот на стотици илјади луѓе кои биле директно загрозени од Чернобил или СИСТЕМОТ, се избрало второто.

Постапувањето во Чернобил е ИНХЕРЕНТНА карактеристика на тоталитарни системи. The stakes are too high for transparency and few human lives.

Политичка опсервација бр.5 после 5-та епизода

Говорот на научникот Валери Легасов пред судот во кој беа судени одговорните за несреќата. Вистината за која човекот платил скапо – го спремаа за национален херој бидејќи спаси хаваријата да биде уште поголема, но научната етика не му дозволуваше да лаже.

Сумирано, секоја нова лага – приватно, професионално, политички – само ја дозакопува вистината подлабоко. Лагата станува неопходна за одржување на креираната „реалност“. 

Но само на краток рок (иако политиката си има своја временска динамика – она што за неа е „краток рок“ за граѓаните може да биде еден цел живот, една цела генерација уништена).


Одлична серија (иако фамата повеќе се должи што голем број луѓе НЕМАА ПОИМ колкава хаварија било Чернобил и колкава неспособност покажала СССР). Серија која која врши голема услуга на слободарските вредности – анти-социјализам, транспарентност, одговорност.

Не се случајни одличните оценки.

Претходна статијаОбјавени првите неофицијални „рендери“ од Galaxy Note 10 Pro
Следна статијаGoogle jа менува поврзаноста помеѓу Photos и Drive за поедноставно функционирање на двата сервиси
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.