Google

Пред скоро пет години Google ја издвои до тогаш поврзаната со Google+ апликација за слики и ја претвори во главна апликација за слики за своите корисници. Google Photos прерасна во специјализирана апликација која нуди можност автоматски да ги прикачува сликите во облакот и со тоа истите да бидат на сигурно зачувани.

Оваа апликација стана позната и по тоа што почна да им нуди на корисниците со помал простор за податоци на својот уред, можност за бришење на сликите од уредот, поради тоа што тие се сигурно зачувани во облакот и секогаш достапни ако „притребаат“.

Со оглед на тоа што Google Drive е сервисот од Google кој им нуди на корисниците простор во облакот за чување на податоци, можеби и не беше чудно што тој беше поврзан со Google Photos.

Кратко кажано, Drive е местото каде што ги чувате сите ваши датотеки, а Photos е само дел којшто ги прикажува сликите. Се што е додадено во Drive како слика, се прикажува во Photos, а корисниците можат да изберат и сликите директно прикачени во Photos да се прикажуваат во Drive во посебна папка.

Сето ова беше така поради тоа што и Photos го користи истиот простор којшто го имате за вас на Drive, секако доколку немате избрано сликите да се прикачуваат во висок, наместо во оригинален квалитет, со што просторот ќе за слики ќе ви биде неограничен.

Google од идниот месец ќе ги издвои до одреден степен овие два сервиси, па тие ќе функционираат независно, но сепак со можност за одредено поврзување кога корисникот ќе сака тоа да го направи.

Пример за промените е тоа што сликите избришани на еден од овие два простори, нема да бидат автоматски избришани од другиот простор, односно доколку бидат избришани некои слики од Photos, тие нема автоматски да бидат избришани и од Drive.

Второ, сликите кои се додадени во Drive веќе нема автоматски да се прикажуваат во Photos, како и сликите кои се додадени во Photos, веќе нема автоматски да бидат додадени во Drive, односно во посебна папка.

Корисниците ќе имаат лесен начин за префрлување на сликите кои се во Drive во Photos, доколку тоа им е потребно.

Целта на оваа промена е намалување на збунетоста кај голем број на корисници поради поврзаноста на двата сервиси. Сега тие ќе функционираат издвоено, а за тие кои им треба ќе има начин да се префрлат потребните слики.

Google има посебна страна каде дава одговор на некои очекувани прашања поврзани со промените, па доколку често ги користите овие два сервиси за слики, можете да ја проверите оваа страна.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПет политички опсервации за Чернобил (HBO)
Следна статијаШпанската La Liga казнета поради прислушкување на околината преку нивната мобилна апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.