Во првиот дел од овој текст споделив 5 совети за лични финансии:

  • „се е подобро од нула“,
  • „почни да штедиш – од прва плата“,
  • „задолжувај се паметно – ако мораш“,
  • „respect your bank“, и
  • „инвестирај во крипто“.

Лично, верувам и во следниве 5 совети дека се добри принципи кога станува збор за одговорно и паметно водење на личните финансии.

1. Креирај личен Буџет

„Западњаците“ често го кажуваат ова како прв совет за лични финансии. Имање личен буџет помага при подобар преглед на потрошувачките навики и финансиските цели.

Има различни методи за креирање и водење личен буџет (види тука за повеќе техники). Лично, користам едноставен метод – ексел табела со сите приходи (плата, дополнителни приходи, депозит) vs. сите трошоци (сметки (поединечно прикажани), гориво, храна, лични трошоци, друг тип на вонредни трошоци, рата од кредит).

Секако, постојат безброј апликации за лични финансии кои се одлични за креирање и следење на буџет (тука имате неколку препораки од Investopedia).

2. Воглавно, користи кеш (“all-cash diet”)

Ова е нешто што лично го правам секоја недела. Имено, во понеделник вадам одреден износ од банкомат (износот не е битен – секој треба да си определи одприлика кои му се неделните трошоци, и да ги прави во кеш) и тоа ми е кешот за неделата. Кога плаќаш со картичка често, немаш осет кај ти одат парите и трошиш и повеќе него што би трошел доколку плаќаш во кеш.

3. Три пати размисли се пред да позајмиш пари 

Ако некој ти побара пари на заем, одлучи врз основа на неколку правила:

  • кога и колку е веројатно дека ќе ти ги врати (ако станува збор за 1,000 ден. а пријателот е редовно вработен, голема е веројатноста дека кога ќе земе плата ќе ти ги врати парите),
  • износот е таа големина што ако не ти ги врати нема да ти создаде сериозен проблем (едно е да позајмиш 1,000 ден.; сосема друга компликација е да позајмиш 500евра и да не ти ги враќаат).

Генерално, тргни од претпоставката дека нема да ти ги вратат парите и одлучи се дали сепак човекот ти е толку важен и нема да те заглави ако не ти ги врати.

4. Не превземај големи чекори пред да си подготвен финансиски

Дали е свадба (иако за ова секогаш можеш да одиш со поевтина, помала варијанта), дете или кредит со подебела рата, превземи го овој чекор само кога ќе бидеш финансиски стабилен.

Peer-pressure (or, keeping up with the Jonesses) има особено силно влијание врз овие одлуки. Take your time, секој е различен. Биди трпелив и троши колку што ти е длабок џебот.

5. Грижи за своето здравје

Не е потребен дополнителен коментар. Нема голема филозофија – спиј 7-8 саати дневно, храни се здраво, пиј вода, вежбај. Се е залудно ако не си здрав.

Претходна статијаAV-TEST: Кои апликации го заштитуваат Windows најдобро?
Следна статијаВип продолжува со реализација на едукативната програма за деца за безбедно користење на интернет низ целата земја
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.