Во претходните два дела од текстот зборувавме зошто Гугл и ФБ не се монополи – дека се додека нудат супериорни услуги, сите сме во ќар и дека единствени монополи се оние против кои Државата оневозможува да се натпреваруваш, без разлика колку е тешко да ги победиш.

Во последниот текст од овој три-дела-серијал накратко ќе продискутираме за постојните и можните алтернативи на Гугл и ФБ.

Прво, секој ја има главната алтернатива која е литмус тест дали нешто е монопол или не – right to quit. Секој од нас може да престане да го користи ФБ, па и Гугл (има и голем број други пребарувачи). Патем, голем дел од корисниците веќе трошат помалку време на ФБ од порано, а тинејџерите си користат се повеќе и други алтернативи. Никој не не принудува да ги користиме нивните услуги.

Да, ама „сите се на Фејсбук“ (network effect). Сите беа и на MySpace. Патем, на Wired дадоа добра теза како овој ефект може да има негативен ефект кон друштвената мрежа.

Второ, имаме и моментално различни конкуренти на ФБ и Гугл. Bing, DuckDuckGo и ред други пребарувачи со различен фокус (приватност, брзина, итн.), или пак Twitter, Snapchat … секако, мноу веројатно е дека оној кој ќе ги симне гигантите од тронот не е дојден воопшто на сцена. Не знаеме што ни носи иднината, нели?

Трето и поинтересно, дали се надзираат контурите на друштвените мрежи од иднината? Имајќи предвид кои се главните работи за кои се загрижени корисниците на ФБ и Гугл – преголеми гиганти со централизирана моќ за цензура, приватност, немање контрола врз личните податоци и сл. – може со голема веројатност да се предвиди од каде ќе доаѓа најголемата опасност за тронот. Децентрализирани решенија базирани на блокчеин технологија и токени каде што нема да има еден центар кој ќе ја контролира мрежата и ќе биде отпорна на цензура. Патем, веќе има некои почетни обиди од страна на Steemit, Mastodon, Mind

Ваквите мрежи во комбинација со супер ефикасен модел за плаќање на корисниците (на различни начини), како на пример преку Lightning Network, ќе бидат иднината на друштвените мрежи.

Ништо не е вечно – ниту Зукерберг.  

Претходна статијаNubia Alpha е паметен часовник чиј екран се навиткува на раката на корисникот
Следна статијаКомпанијата Samsung во рамки на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија (MWC) претстави 5G технолошки решенија кои ја дефинираат индустријата
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.