2017 година беше исполнета со подеми и падови за Биткоин ентузијастите и оние што имаат вложено во оваа криптовалута. На порастот на неговата вредност не можеше да се види крај. Некаде при крајот на годината вредноста на Биткоин достигна речиси 20 илјади долари. Одеднаш, предвидувањата на Џон МеКафи и други крипто „пророци“ не изгледаа толку апсурдно.

Дури и кога доживуваше благ пад, оваа криптовалута многу бргу се враќаше во колосек, а потоа дури го засилуваше темпото на раст. Поради тоа, некои луѓе влегуваа во долгови и активираа хипотеки само за да можат да се вклучат во Биткоин манијата.

Но, јануари беше катастрофален месец за Биткоин. Почна со мал пад, но тоа што следуваше беше спектакуларно. Во моментов, според Coindesk, вредноста на криптовалутата изнесува (варијации се случуваат секоја минута) 7.950,00 долари. Сега, предвидувањата на лица како Ворен Бафет изгледаат веродостојни. Тој неодамна изјави дека криптоманијата „ќе заврши лошо“.

Начинот на кој што е мудро да се гледа во инвестирањето во криптовалутите (можеби мудро, бидејќи секакви квалификации поврзани со ваквите валути се излишни) е како долгорочно штедење.

Сето ова е интересно да се следи од страна, а веројатно многу стресно ако поседуваш удел во криптовалутите. Но, ако 2017 може да понуди некаква поука за идните инвеститори, тоа е дека треба да се влезе претпазливо во оваа игра.

Односно, ако планирате да инвестирате, треба да го направите тоа земајќи предвид дека може да очекувате сѐ. Начинот на кој што е мудро да се гледа во инвестирањето во криптовалутите (можеби мудро, бидејќи секакви квалификации поврзани со ваквите валути се излишни) е како долгорочно штедење.

Она што не е препорачливо да се стори е земање на кредити или влегување во големи долгови само затоа што некој милијардер од Силиконската Долина рекол дека треба да го сторите истото. Влегување во какви било инвестиции без доволно информации е глупав потег. Тоа важи и за Биткоин, за кој повеќето луѓе знаат малку (уште помалку за Блокчејн технологијата), а вложуваат повеќе од она што реално можат да си го дозволат.

Прерано е да се одговори прашањето поставено во насловот. Никој не може да предвиди што ќе се случи за еден месец со криптовалутите. Може да ја вратат вредноста на 20 илјади долари или пак да паднат до вредноста која ја имаа во 2015 година.

Претходна статијаEbay го замени PayPal со холандскиот Adyen
Следна статијаКоја е тајната на успехот на Pokemon Go?