При крајот на март оваа година, можевме да прочитаме за случајот од САД, поточно од градот Темпе, Аризона, во кој возило на Uber за време на тест на автономниот систем за управување на возилото, прегази пешак, а истиот не ја преживеа оваа незгода.

Веднаш се постави прашањето како е можно автономните системи и сензори да не го забележат пешакот, со оглед на фактот што ваквите сензори се подобри во забележувањето на објекти на патот од луѓето. Сепак, овие системи се составени од камери, радар системи, како и додатни системи кои можат да забележат скоро се што се движи пред, но и од страните од возилото.

Прашањата околу случајот се зголемија и по објавувањето на снимките од камерите внатре во возилото, кои го снимаат возачот кој е поставен да реагира доколку дојде до некаков проблем на којшто не реагира автономниот систем. Возачот се гледа дека неколку пати пред несреќата погледнува надолу, што се претпоставуваше дека се работи за мобилен телефон.

Она што во целиот случај фалеше се официјални информации врз база на истрага, па да не мора да се претпоставува што точно се има случено и дали незгодата можела да се избегне и како.

Со прелиминарни официјални информации излезе американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот, односно попознат како NTSB, доколку сте љубител на документарните серии во кои често се споменува ова тело.

Според нивната истрага, системите на Uber возилото го забележуваат пешакот 6 секунди пред судирот. На почеток системите го означуваат пешакот како непознат објект, како некое возило, за потоа да го означат како можеби велосипед со несигурен пат на движење. На 1,3 секунди пред ударот, системите одлучуваат дека е потребно вклучување на системот за сопирање во итни случаеви.

Може да се каже дека главниот проблем за случајот е во овој дел од случувањата. По заклучокот на системот дека е потребно итно запирање, тоа не било возможно поради тоа што тие системи биле исклучени за време на автономното возење. Тие се вклучени како дел од стандардната опрема на возилото Volvo XC90 од 2017 година, само кога со него управува човек возач.

Исто така, системите не биле направени да во ваков случај го известат возачот, па тој да преземе нешто, а тој истото се обидел да го направи по забележување на пешакот. Како што знаеме тоа веќе било доцна, односно истрагата покажува дека возачот почнал да кочи на нешто помалку од секунда по ударот.

Uber после овој случај ги прекинува своите тестирања во Аризона, меѓутоа истите ќе продолжат на други места. За компанијата автономните возила за важен дел за иднината на нивниот сервис. Во основа, само замислете, повикувате возило да одите некаде и внатре нема никој, нема возач, само вие. По усовршување на овие системи, верувам дека автономните возила се иднината на превозот, како што и често можеме да видиме во филмовите.

ИЗВОРNTSB
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаПо седум години Apple доби судска одлука со која ќе треба да наплати 539 милиони долари од Samsung
Следна статијаНБРМ, регулаторни слободни зони и блокчеин иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.