First-best решение е да не превзема ништо и да не се меша. Но ова е прелиберално и прехрабро решение за земја како Македонија. Можеби и преризичо имајќи го предвид нивото на финансиска писменост кај населението. Second-best опција е „регулаторна слободна зона“ (regulatory sandbox). За што поточно станува збор?

Станува збор за „safe space“ во кој е слободно да се тестираат иновативни решенија без притоа да подлежат на сите регулаторни обврски како вообичаено (нешто како слободните економски зони). Голем број земји – од Велика Британија, до Малта, Сингапур и држави во САД – го користат овој регулаторен, правен концепт за нови иновативни услуги кои се’ уште не се сигурни како да ги регулираат (или не се доволно храбри да ги остават „на милост и немилост“ на слободниот пазар). Едноставно, се креира одредена правна рамка во која иновацијата може да се тестира во лимитирана средина без притоа да се загуши со регулаторни барања за нешто што се’ уште е во рана фаза и не е најдобро разбрано од никого. Што е класичен случај за криптовалутите и блокчеин.

Преку „регулаторна слободна зона“ всушност земјите се обидуваат да го намалат time-to-market периодот на блокчеин-базираните услуги и производи при пониска цена, подобар пристап до капитал за иновативните фирми (регулаторната несигурност ги плаши инвеститорите) и да им овозможат на граѓаните пристап до нови и иновативни производи и услуги. Истовремено, регулаторот воспоставува одредени контролни мерки за заштита на потрошувачите кои се определуваат од случај до случај, со што ја исполнува својата заштитна функција.

Иновациите се секогаш предизвик за регулаторите – и сите граѓани. Навикнати сме и удобно ни е во светот кој го познаваме. Се плашиме од непознатото. Ова е врежано во нашиот еволутивен код. Но, како што вели Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на САД, Hester Pierce: „регулаторите мора да бидат внимателни нашето непознавање на новите технологии да не ни создаде анксиозност и страв што ќе води кон лоши регулаторни решенија. Кога нешто навистина иновативно се појавува, постои ризик дека регулаторите ќе се фокусираат само на потенцијалните негативни страни и целосно да ги промашат можностите кои иновацијата може да ги донесе во животите на луѓето. “.

Пристапот со „регулаторни слободни зони“ е добро решение за да не изостане Македонија од овој бран на блокчеин иновации, а сепак тоа да биде во контролирана средина.

Претходна статијаАвтономното Uber возило кое прегази пешак, истиот го има забележано 6 секунди пред ударот
Следна статијаVivo го најавува првиот смартфон без воопшто рамка околу екранот