Uber е во активен развој на систем за автономно управување на возилата, нешто што сигурно ќе биде иднината на јавниот превоз, исто како што имаме гледано во голем број на научно фантастични филмови.

Случајот од оваа недела изгледа ќе направи да оваа иднина биде доведена во прашање, барем времето кога може да се очекува комерцијализација на технологијата. Од друга страна, ваквите случаеви придонесуваат до подобрување на системите и нивната регулација.

За потсетување, Uber возило кое било во режим на самоуправување во градот Темпе во Аризона, тестирајќи го својот систем, прегазува пешак кој потоа подлегнува на повредите во болница.

Она што беше истакнато во извештајот за случајот е дека пешакот ја поминува улицата на необележан дел, односно не на пешачки премин, а исто така осветленоста била на многу ниско ниво.

Поради тоа, не било возможно утврдување на вината на почетокот од истрагата, а се разбира тука е и дилемата дали човек возач би можел да реагира побрзо и подобро од компјутерот.

Полицијата од Темпе се’ уште ја нема завршено истрагата, а во меѓувреме ја објави снимката од Uber возилото на која се гледа несреќата. Снимката исто така го покажува и возачот кој мора да е во возилото цело време со цел да може да реагира токму во вакви ситуации.

Она што може да се види од снимката е дека прашање е дали и возач би можел да реагира, со оглед на фактот што пешакот се гледа само на нешто повеќе од една секунда пред ударот. Она што ги правите работите уште попроблематични е што возачот гледа надолу два пати по повеќе секунди пред сударот, па не може да се знае дали би можел да изреагира на време доколку цело време гледал во патот.

Друго прашање кое што се поставува е, зошто системите на автономниот автомобил не го детектирале пешакот во темниот дел кој не е доволно осветлен за човековото око или камерата на возилото.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и самите да донесете некаков заклучок. Директниот удар на пешакот не е прикажан, така да не мора да се грижите за тоа дали видеото треба да се гледа.

ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаШто претставува UX дизајнот и зошто е природна еволуција во веб дизајнирањето
Следна статијаВо системот на Bitcoin трансакции тајно вградена детска порнографија?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.