bitcoin, blockchain, детска порнографија

Bitcoin – ите  и blockchain технологијата се актуелни термини изминатава година. Ова особено важи за последниве месеци, кога рапидно се покачи цената на Bitcoin, а потоа нагло опадна. Сепак, од пред некој ден, работите почнаа да се развиваат во нова насока.

На што мислам поконкретно? Имено, во еден систем за Bitcoin трансакции е пронајдена детска порнографија. Ова носи огромен негативен публицитет на целата работа. Еве ги деталите.

Германски научници открија преку 1.600 датотеки кои не се однесуваат на финансиски трансакции и извештаи. Дел од тие датотеки содржат линк до видеа со детска порнографија и друг загрижувачки материјал. Поточно, најдена е една слика за детско насилство и 274 линкови до ваква содржина. Дури 142 врски од овие линкови директно линкувале до сервиси на dark web.

Ќе се запрашате, како функционира blockchain? Тој е open-source и ја евидентира секоја трансакција. Покрај ова, во овие блокови од информации, може да зачува мали битови на податоци кои не се од финансиски аспект. Овие битови досега се искористуваа за да се запишат белешки за овие трансакции, како и друг вид на метаподатоци.

“Нашата анализа покажа дека одредена содржина, во случајов нелегална порнографија, може да го направи поседувањето на blockchain нелегално” – напишаа истражувачите.

Без оглед на тоа што засега не постојат законски регулативи за вакви случаи, легислативните текстови од земји како Германија, Велика Британија или Соединетите Американски држави, сугерираат дека илегална содржина би можела да доведе до ваков чекор. Последиците би биле огромни, бидејќи ова сериозно може да го загрози мулти-милијардниот пазар кој ги поддржува крипто валутите како Bitcoin.

Ова не е прв пат да се повикува на претпазливост кога станува збор за складирање на нефинансиски податоци во blockchain – от. Уште пред три години, во 2015 година, Интерпол испрати предупредување за ова. Во него наведоа дека самиот дизајн на blockchain овозможува вбригзување на малициозен софтвер и трајно хостирање. Во исто време, нема достапни методи за бришење на овие податоци.

Претходна статијаПолицијата ја објави снимката од сообраќајката во која Uber возилото прегази пешак
Следна статијаЖаклина, една од најдобрите магистри на Архитектонски: Архитектурата треба да зборува за своето време и место, но да тежнее кон безвременост