Веќе многу пати на нашиот портал имаме пишувано дека иднината на медицината е во уреди кои ќе ги носиме со нас или на нас и кои цело време ќе прават мониторинг на организмот. Вакви уреди се достапни и денес, само се’ уште не е развиен софтвер кој целосно може да ги искористи можностите на сензорите вградени во нив.

Таква е апликацијата Cardiogram за Apple Watch, која со исклучително висока точност може да забележи доколку корисникот има проблеми или пак неправилности во работата на срцето. За ова голема заслуга има и самиот Apple Watch, кој според испитувањата може со најголема точност да го мери отчукувањето на срцето, а споредено со Basis Peak, Fitbit Surge, Microsoft Band, Mio Alpha 2, PulseOn, и Samsung Gear S2.

Нормално, ова не е апликација која може да ги замени мерењата на докторите, но е одличен начин за следење на здравјето на сите кои поседуваат таков часовник. И за разлика од многу други вакви апликации, оваа е развивана со вистински научници од Универзитетот во Цан Франциско, Калифорнија, што е една од причините за толку добрите резултати.

Апликацијата е инаку испитана преку посебна “Health eHeart Study” студија, на која таа успеала да открие преткоморна фибрилација (нема синхронизираност во чукањето на двете горни и двете долни комори) 97% од испитаниците кои веќе биде дијагностицирани со неа. Бидејќи оваа болест може да предизвика многу други проблеми, како срцев удар, деменција или пак напад на бубрезите, Cardiogram може да се покаже како многу моќна апликација за спречувањето на најразлични болести.

Моќта на апликацијата е што оваа болест или сличните на неа, ретко се забележуваат при правењето на кардиограм на доктор. Имено, неправилностите можат да се јават само одредено време од денот или пак воопшто да ги нема со денови, што го прави мерењето многу тешко. Од друга страна, само со носењето на Apple Watch , корисникот ќе може константно да го следи здравјето на своето срце.

Нормално, создателите на апликацијата велат дека резултатите од неа не смее да се земат „здраво за готово“ и кај секој пациент кој има дијагностика од неа, треба да оди детално да се испита со реален EKG мерач. Но, како и да е, ова е само почеток на ваквото дијагностицирање на проблемите во нашето тело – подобрувањето на самите уреди, односно сензорите во нив и алгоритмите кои ќе ја прават дијагностиката, во иднина ќе може целосно да го заменат одењето на прегледи на доктор.

Извор: The Verge, Mac Rumors, CNBC

Претходна статијаРуска компанија прави нова, супер безбедна платформа за четување, пандан на Skype
Следна статијаРазгледување на потенцијалите за соработка помеѓу Македонија и Шведска на Форумот на Македонија2025 во Стокхолм