Ростек е компанија која е поседувана од руската држава, нешто што и не е толку ретко кај најголемата земја во светот која ја користи истаста азбука како нашата. Но, тоа и не е толку важно – поважно е дека развиваат нова платформа за пишување пораки и четување, која ќе биде побезбедна од сите платформи и апликации досега и своевиден пандан на Skype.

Самата компанија и не се срами да го спореди својот софтвер со Skype. Всушност тие велат дека оваа апликација/платформа ќе биде руски аналог на Skype на Microsoft, која е најпопуларна во бизнис светот. Сепак, од Ростек велат дека нивната платформа ќе биде супер безбедна, односно тоа ќе биде нејзината главна одлика.

Но, многу е интересно како ќе го постигнува тоа – таа нема да може да се приклучи на интернет мрежата! Ова значи дека ќе се користи само за интерни мрежи, како на пример оние во големите компании. Ова ја прави исклучително отпорна на напади од хакерите (иако и натаму има шанси да и се пристапи), бидејќи тие скоро и да ќе немаат шанса да влезат во неа.

Уште поинтересно, кога од компанијата спомнуваат за интернет напади, нагласуваат за напади „од надвор“, што во превод значи САД и западните земји. И сето ова тие го прават по забраната на многу американски софтвери (како на пример оние од Microsoft и Google) за официјална  употреба во Русија.

Извор: Engadget, MilTech

Претходна статијаШарен град е среќен град
Следна статијаApple Watch може да забележи неправилности во работењето на срцето со 97% точност