xiaomi-mi-4

Xiaomi е кинеската компанија која што полека се приближува на најголемите производители нудејќи одлични уреди по може да се каже нормални цени. Оваа компанија е исто така позната по MIUI преработката на Android, која што е позната кај корисниците кои што го менуваат стандардниот софтвер со кој што доаѓа нивниот телефон.

Оваа недела Xiaomi го претстави нивниот најнов мобилен телефон Mi 4 и тој доаѓа со одлични карактеристики. Уредот е одлично дизајниран и според одредени портали тој наликува на најновите iPhone модели. Рамката е направена од метал, додека задната страна од пластика која што може да биде заменета за разни стилови. Xiaomi Mi 4 доаѓа со 5 инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и како што би се очекувало работи на најновата верзија од MIUI. Од другите карактеристиките Mi 4 вклучува:

  • 2,5 Ghz Snapdragon 801 процесор
  • 3GB RAM меморија
  • Избор помеѓу 16 и 64 GB внатрешна меморија
  • 13 мегапикселна задна камера и 8 мегапикселна предна камера
  • 3.080 mAh батерија
  • LTE и Wi-Fi 802.11ac конецкија
  • Infrared за контрола на телевизори и други уреди

На почетокот Mi 4 ќе се продава во Кина, меѓутоа нема повеќе информации за тоа кога ќе биде достапен во остатокот од светот. Цената по која што ќе се продава е 320 долари за моделот со 16GB меморија и 400 долари за моделот со 64GB меморија.

Претходна статијаMicrosoft ќе ги спои различните верзии од Windows во еден оперативен систем
Следна статијаSkype за Android автоматски ќе ги наоѓа вашите пријатели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.