galaxy-s8

Според се што се случи со Galaxy Note 7, логично е да се очекува Samsung да работи прекумерни часови за нивниот нареден телефон од високата класа, Galaxy S8, биде квантен скок пред конкуренцијата. Имено, според информација од The Investor, новиот Galaxy S8 ќе има Edge дисплеј без рамка од страните и со минимална рамка во горниот и долниот дел.

Најавите се дека дисплејот ќе зазема 90% од предниот дел на телефонот, што е извонредна бројка која е многу блиска до онаа на импресивниот Mi Mix на Xiaomi. Ова и делумно го потврди Парк Вон-Санг, инженер од мобилната дивизија на Samsung, кој најави дека тие работат токму на таков дисплеј, но не потврди дека тој би можел да се вгради во Galaxy S8.

Оваа промена би можела да го зацементира Galaxy S8 како најпродаван Android телефон, особено што според сите најави досега, Samsung спрема и големи подобрувања кај камерата, подолго траење на батеријата и нов асистент со вештачка интелигенција, кој би требало да биде драматично подобар од Google Assistant, Siri и Cortana.

Исто така, има најави дека ова ќе биде и првиот телефон со читач за отпечатоци на прстите вграден во самиот дисплеј, што е и логично, бидејќи ако дисплејот е навистина толку голем, не би имало место на шасијата да се вгради таков читач (некои производители го вградуваат на задниот дел на телефонот, но Samsung го вградува во предното копче).

Како и да е, наредната година ќе биде мошне интересна за купувачите на паметни телефони – покрај Galaxy S8 и останатите Android производители, а особено кинеските би требало да лансираат напредни и моќни телефони, а и Apple веројатно ќе се префрли на OLED технологија за дисплеите, која ќе овозможи многу помала рамка околу екранот и веројатно дури и Edge закривеност како кај Samsung.

Извор: The Next Web, Pocket-lint, CNET

Претходна статијаIFTTT алтернативата од Microsoft достапна за сите корисници
Следна статијаЗошто е добра конкуренцијата помеѓу Apple и Microsoft